Пелистер на три чекори до титулата, убедливо издание и против Пролет

655

Пелистер сигурно чекори кон одбрана на титулата, дојде до нова убедлива победа, овој пат над Пролет од 27-36. Битолчани се на три чекори до тронот, до крајот остануваат уште три кола.

И овој пат Филип Кузмановски беше лидер кај победникот, постигна девет погодоци, додека на спротивната страна најефикасен кај Пролет беше младиот Димковски со осум постигнати гола.

Битолчани мечот го решија во второто полувреме, откако по првите 30. минути имаа минимална предност од 13-15.

По 11. кола, Пелистер има 32 бода, два повеќе од Вардар 1961, кој се надева на кикс на битолчани на еден од следните три меча.

ПретходноЈувентус и Милан ремизираа без голови
СледноМЗТ Скопје поразен од Спартак во прво полуфинале!