Стефан Деспотовски: Работнички против “лавовите“ сака да ја продолжи одличната серија!

53

Работнички е во налет, на последните неколку меча освои доволно бодови и сега се наоѓа надвор од опасната зона. Секако дека уште ништо не е готово, потребни се нови победи и бодови, но сега полесно се дише во таборот на тимот од Дебар Маало.

Утре Работнички на Арената “Тодор Проески“ ја пречекува Македонија ЃП, а за тој меч свој коментар има младинскиот репрезентативец на Македонија и дефанзивец на Работнички, Стефан Деспотовски:

Работнички сака позитивниот моментум да трае што подолго. Се наоѓаме во одлична низа и ќе сториме сѐ да продолжиме во ист стил и на натпреварот против Македонија ЃП. Противникот е во незавидна позиција на табелата, но според квалитетите на тимот секако заслужува многу повеќе. Затоа, нема опуштање, максимално сме фокусирани и посветени и нашата цел се нови три бода. Верувам дека ако ги исполниме задачите на тренерот Горан Станиќ, ќе успееме да ја реализираме целта за нов триумф“

ПретходноСалах и Клоп се испокараа! Само реми на Ливерпул со Вест Хем, титулата остана само сон! (ВИДЕО)
СледноНа денешен ден пред 10 години: Џерард се лизна и Ливерпул остана без титула! (ВИДЕО)