Атанасов: Негативата не е голема, во Суботица нема да одиме со бело знаме!

203

МЗТ Скопје има негатива од пет поени по првата полуфинална пресметка со Спартак Суботица во рамките на плеј-офот во АБА2-лига. Македонскиот првак на првата средба беше совладан со 73-78 на домашен терен.

Негативата не е голема, а тренерот Васко Атанасов најави дека во Суботица нема да одат со бело знаме.

„Тврд натпревар во кој противникот се снајде подобро. Мислам дека можевме и подобро да минеме, особено поради добрата игра во второто полувреме. Негативата не е голема и во Суботица сигурно нема да одиме со бело знаме. Ќе се подготвуваме максимално и се надевам дека со нешто подобар офанзивен дел ќе може да го надополнитем пропуштеното од Скопје“, изјави предводникот на актуелниот македонски првак.

Пред реваншот, МЗТ Сопје го чека домашна задача, во вторник игра против ТФТ во плеј-оф полуфиналето, а потоa на 4. мај следи мечот со Спартак.

ПретходноПеп и Сити со 120 милиони евра тргнуваат по Рафа Леао!
СледноТрета четвртина од соништата за Орландо, Вангер за 2:2!