ВМФЛ: Беса денеска испишува историја, со триумф над Пелистер ќе го завери пласманот во елитата

1092

Попладнево од 16 часот се играат сите мечеви од 26.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде во Врапчиште каде Беса го дочекува Пелистер во големото дерби во кое се среќаваат првиот и вториот на табелата, екипи кои речиси сигурно следната сезона ќе играат во ПМФЛ.

May be an image of ‎12 people, people playing football, people playing soccer and ‎text that says '‎代 34 11 D n J JAR0 34 C 10 3 10 و 21‎'‎‎

Лидерот сака денеска со стил да испише историја, уште денеска да го завери пласманот за следната сезона во ПМФЛ. На Беса и треба победа без разлика што ќе направи третиот Детонит во Новаци. Ако биде реми на дербито тогаш Детонит не смее да победи. Интересно, Беса може денеска и да загуби, но Детонит не смее да победи.

Сепак доста од математики. Повеќе од јасно е дека Беса ќе биде нов прволигаш а има ли нешто поубаво прославата да ја зачиниш со победа над Пелистер.

На останатите мечеви кои се во длабока сенка на дербито, интересно ќе биде меѓу Беласица и Кожув, потоа Башкими го дочекува Скопје, Охрид игра дома со Саса. Осогово му е домаќин на Караорман, Победа се среќава со Вардар (Н), Тетекс има тежок меч со Арсими.

ДВОЈКИ ЗА 26.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Охрид – Саса

Новаци – Детонит

Беласица – Кожув

Осогово – Караорман

Победа – Вардар (Н)

Башкими – Скопје

Тетекс – Арсими

Беса – Пелистер

ТАБЕЛА

Беса 66, Пелистер 60, Детонит 52, Арсими 41, Охрид 38, Скопје 38, Башкими 37, Кожув 34, Вардар (Н) 34, Беласица 31, Новаци 28, Победа 26, Тетекс 24, Осогово 20, Саса 18, Караорман 25 бода..

ПретходноРАИ: Конте и Наполи се договориле за тригодишна соработка
СледноДерби во Автокоманда: Алкалоид го пречекува ГРК Охрид во битката за третото место!