Дерби во Автокоманда: Алкалоид го пречекува ГРК Охрид во битката за третото место!

121

Возбудувањата во плеј-офот во Супер-лигата продолжуваат. Овој пат во центарот на вниманието е салата во Автокоманда, а таму Алкалоид е домаќин на ГРК Охрид. Ова е пресметка за најмалку третото место на табелата во плеј-оф друштвото.

Избраниците на Кирил Лазаров пред овој дуел се наоѓаат на третото место на табелата со 24 бода, еден бод повеќе од охриѓани. Со оглед на распоредот до крајот, победата е важна и за двата тима. Последната пресметка заврши со убедлива на победа на ГРК Охрид, па на другата страна Алкалоид посакува реванш пред своите навивачи.

Мечот е закажан со почеток во 17:15 часот.

27.04.2024 – САБОТА
17:15 часот РК АЛКАЛОИД – ГРК ОХРИД
18:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК МУЛТИ ЕСЕНС
18:30 часот РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК СКОПЈЕ 2020
19:00 часот МРК КУМАНОВО – РК ГОЛДЕН АРТ К7
19:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ПретходноВМФЛ: Беса денеска испишува историја, со триумф над Пелистер ќе го завери пласманот во елитата
СледноВреме е за одмазда: „Крвникот“ на МЗТ Скопје стои на патот до финале!