Испраќање во пензија со многу емоции

4881

Легендарниот шпански фудбалер Давид Силва на феноменален начин е испратен во пензија на мечот меѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид одигран во Сан Себастијан. Силва во изминатите 15-тина години важеше за еден од најдобрите играчи за врска на светот. Поголем дел од кариерата помина во Манчестер Сити, каде што стана икона на клубот, а одлучи кариерата да ја заврши во Сосиедад.
За Сисиедад настапуваше во последните три години. Сакаше да ја доигра и оваа сезона, но повредите го спречија во тоа, па одлучи да ги закачи копачките. Во јули минатата година ги скина лигаментите на коленото. Па така реши да не се враќа на терените туку да каже „доста“.
Комплетниот стадион во Сан Себастијан стана на нозе да му даде аплауз, а играччите на двата тима му направија „шпалир“ и го поздравија легендарниот играч. Шпанецот го изведе и почетниот удар на мечот.
Инаку професионалната кариера Давид Силва ја почна во Валенсија, две сезони играше на позајмици во Еибар и Селта. Во 2010 година потпиша за Сити. Десет години беше член на „граѓаните“, па дури и доби статуа пред „Етихад“.

ПретходноЛестер се врати во Премиер лигата
СледноФормула 1 планира ново зголемување на бројот на спринт-трките