МЗТ Скопје со негатива патува на реванш полуфиналната пресметка против Спартак Суботица во рамките на плеј-офот во АБА2-лига. Актуелниот македонски првак на домашен терен е совладан со 73-78. Шансите не се загубени во никој случај, останува добро да се подготви за вториот меч.
Војдан Стојановски со 20 поени и шест украдени топки беше најдобар кај македонскиот тим, 13 поени имаше Делалиќ, додека пак Баковиќ 12.
Дуелот започна изедначено, МЗТ Скопје во овој дел имаше позитива од четири поени (13-9), но на другата страна гостите пред самиот крај на овој период со серија од 13-0 дојдоа на плус 11 (15-26). Беше тешко за момците на Васко Атанасов да влезат во ритам.
По 31-35 на полувремето ја подигнаа играта во третата четвртина беа подобри со 24-17, па после долго време го вратија водството на 55-50. Во последните десет минути влегоа со минимални 55-52.
Дуелот влезе во неизвесна завршница, се играше кош за кош. Македонскиот првак се обидуваше да дојде до некоја позитива која ќе им влее поголема самодоверба за реванш мечот. Во еден момент гостите поведоа со седум поени (61-68), но на другата страна Баковиќ и Делалиќ ги вратија надежите, намалија на 66-68.
Спартак во целата брканица на теренот беше подобар, успеа да поведе со 68-78 на минута до крајот. Дамјан погоди тројка (71-78) по тајм-аутот на Атанасов, Делалиќ подели блокада, додека Војдан со две слободни фрлања намали на 73-78. Ова беше конечниот резултат, Војдан не успеа со тројка да го ублажи поразот.