Двојниот олимписки шампион Рафаел Надал откри дека сака да учествува на Олимписките игри во Париз претстојното лето и да игра на турнирот во двојки. Тој дури призна дека би сакал партнер да му биде надежниот шпански тенисер Карлос Алкараз.
„Карлос се уште ме нема прашано за ова, но еве јас ќе кажам. Ако се биде во ред, ќе играме“, изјави Надал.
Алкараз има многу мало искуство на мечевите во двојки. Во својата кариера има одиграно само девет натпревари во двојки, а ниту еден во последните две сезони.
„Ако покажеме добра форма, зошто да не. Тоа ќе биде искуство за него. Исто така би било добро за мене и за шпанскиот тим. Сигурен сум дека ќе се согласи. Ќе почнеме да работиме заедно за да покажеме дека можеме и како тим“, вели Надал.
Надал има златен медал од тенискиот турнир во Пекинг 2008, а потоа во Рио 2016 година освои злато во двојки со Марк Лопез.