И Дон Флорентино во Далас, му даде поддршка на Лука Дончиќ! (ВИДЕО)

430

Не е тајна дека Лука Дончиќ е еден од најголемите фанови на Реал Мадрид, клуб каде што се афирмира како екстра кошаркар и токму од Мадрид се пресели во Далас Маверикс.

Тоа Реал Мадрид, поточно Флорентино Перез не го забораваат па така утринава по евроопско време, во Арената во Далас присуствуваше и самиот претседател на Реал Мадрид кој пред мечот од плеј – офот меѓу Далас и ЛА Клиперс, се поздрави со Лука и му даде поддршка за се она што го прави во НБА.

Секако, убав гест на Дон Флорентино.

ПретходноГотово е: Обрадовиќ уште две години во Партизан!
СледноНадал сака да игра на ОИ на турнирот во двојки, го одбра и партнерот