Голманот на Будуќност, Ѓорѓе Павличиќ го нокаутира соиграчот Игор Ивановиќ после меѓусебна расправија на теренот на „Стадионот под Горица“. Двајцата меѓусебно се спречкаа по ремито со Сутјеска (2:2).
Ова реми го оддалечи Будуќност од титулата, а таа веројатно ќе замине во редовите на Дечиќ од Тузи. Дечиќ на четири кола пред крајот има три бода повеќе од Будуќност но и три меча без пораз од подгоричани. Тимот од Тузи игра фантастично и тешко дека ќе ја испушти можноста да стигне до првиот трофеј во својата 98 годишна историја.
По мечот во Подгорица, навивачката група „Варвари“ бараа „рапорт“ од фудбалерите и на дел од нив им бараа да ги соблечат дресовите.
Standings provided by Sofascore