Вардар на гости кај Брера, желбата е победа!

300

Во меч од 29.коло во нашата елитна лига, попладнево на стадионот “Кукуш“ во Турново во 16 часот, Вардар и гостува на Брера. Ова е еден од најважните мечеви за нашиот најтрофеен клуб сезонава, ова е натпревар кој се чини дека директно одлучува дали Вардар ќе успее да избори директен пласман во елитата или ќе игра бараж. Сега секој гол, секој бод е драгоцен, никој веќе нема право на кикс.

Јасно е дека Брера со своите 34 бода или +5 од Вардар е далеку од опасната зона, но струмичани не се сигурни, еден непланиран пораз и ете ги во барабанот што води меѓу најзагрозените.

Затоа овој меч ќе биде исклучително важен како за Вардар така и за Брера.

Тимот на Горазд Михаилов по двата порази во серија од Работнички и Воска сега ќе мора да оди по секоја цена на победа, иако реално и бод не би бил некоја катастрофа, најважно е да не се загуби.

Секако дека се очекува максимално борбена игра, многу тактика ако се знае важноста на мечот, нема да има непотрбен ризик. Можеби нема да биде меч во кој фановите ќе уживаат, но нема веќе место за убавина, потребни се бодовите, посебно на Вардар.

ПретходноТен Хаг: Немавме среќа со судењето во последниве недели
СледноТензично во Црна Гора: Голманот на Будуќност нокаутира соиграч, титулата му се смешка на Дечиќ