Тензично во Црна Гора: Голманот на Будуќност нокаутира соиграч, титулата му се смешка на Дечиќ

1227

Голманот на Будуќност, Ѓорѓе Павличиќ го нокаутира соиграчот Игор Ивановиќ после меѓусебна расправија на теренот на „Стадионот под Горица“. Двајцата меѓусебно се спречкаа по ремито со Сутјеска (2:2).
Ова реми го оддалечи Будуќност од титулата, а таа веројатно ќе замине во редовите на Дечиќ од Тузи. Дечиќ на четири кола пред крајот има три бода повеќе од Будуќност но и три меча без пораз од подгоричани. Тимот од Тузи игра фантастично и тешко дека ќе ја испушти можноста да стигне до првиот трофеј во својата 98 годишна историја.
По мечот во Подгорица, навивачката група „Варвари“ бараа „рапорт“ од фудбалерите и на дел од нив им бараа да ги соблечат дресовите.

Standings provided by Sofascore
ПретходноВардар на гости кај Брера, желбата е победа!
СледноПМФЛ: Шампионот во атак на нова победа, скопски дуел на Арената, Ѓока дебитира против Тиквеш, дерби на Полог под Шара…