ПМФЛ: Шампионот во атак на нова победа, скопски дуел на Арената, Ѓока дебитира против Тиквеш, дерби на Полог под Шара…

309

Денеска од 16 часот на програмата се сите шест средби од 29.коло во ПМФЛ во тековната сезона. До крајот на сезоната остануваат уште пет кола во кои ќе се решава кој ќе биде првак, кој ќе игра во Европа а кој ќе мора да ја напушти елитата.

Актуелниот шампион и лидер на табелата, тимот на Струга ТЛ игра дома со Силекс. Јасно е кој е фаворит, јасно е кратовци не се резултатски оптоварени, но исто така се знае дека тие нема така лесно да се предадат.

Токму затоа Бесарт Ибраими и компанија, на кого му недостигаат уште два гола до фамозната 200, ќе мора да одиграат најдобро што можат ако сакаат три бода и во најмала рака да останат на тие +3 пред вториот Шкупи.

Кога сме кај Шкупи денеска на клупата своето деби ќе го има новиот тренер на чаирчани Ернест Ѓока. На Чаир доаѓа Тиквеш, тимот кој што елиминира Шкупи во полуфиналето во Купот на Македонија. Ете уште поголем мотив за чаирчани.

Брера го дочекува Вардар, меч кој е огромно значење за нашиот најтрофеен клуб.

На Арената “Тодор Проески“ ќе проследиме скопска пресметка. Забревтаниот Работнички ја дочекува Македонија ЃП, екипа која речиси со двете нозе е во ВМФЛ, но “лавовите“ не смеат предвреме да се отпишуваат.

Во Охрид ќе биде „жешко“. Имено Воска ја пречекува Брегалница, и на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни, тука нема дилеми.

И под Шара, во дербито на Полог, се среќаваат Шкендија и Гостивар. Шкендија ако сака и натаму да конкурира за титулата ќе мора по секоја цена да го победи силниот Гостивар.

ДВОЈКИ ЗА 29.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Брера – Вардар

Воска – Брегалница

Работнички – Македонија ЃП

Струга ТЛ – Силекс

Шкупи – Тиквеш

Шкендија – Гостивар

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 58, Шкупи 55, Шкендија 52, Тиквеш 39, Силекс 38, Гостивар 37, Брера 34, Работнички 34, Воска 31, Вардар 29, Брегалница 26, Македонија ЃП 25… бода

ПретходноТензично во Црна Гора: Голманот на Будуќност нокаутира соиграч, титулата му се смешка на Дечиќ
СледноФКСБ по девет години повторно е шампион на Романија