По 42 години како претседател на Порто, Пинто да Коста е принуден да ја напушти позицијата и да му ја отстапи на поранешниот тренер, Андре Вијас Боаш. Таков е исходот од резултатите од вчерашните избори во клубот. Да Коста заминува од позицијата, а Вијас Боаш станува 32. претседател на Порто.
Боаш беше тренер на Порто со кој ја освои Лигата на Европа, потоа работеше како тренер на Челзи, Тотенхем, Интер, Марсеј, кинески Шангај СИПГ. Од 2021 година е без тренерски ангажман. Тој имаше понуди, но се фокусираше на претседателската кампања во Порто и успеа да победи со 80,3% од гласовите, Да Коста освои само 19,5%, а третиот кандидат Нуну Лобу 0,2%. Мал број на гласачки ливчиња се неважечки.
“Ни претстои долга мисија. Ќе работам напорно во куќа која мора да биде структурирана, уредна и организирана. Нема сомнеж дека ФК Порто е повторно слободен!“, изави Вијас Боаш.
“Pela responsabilidade que me passam, prometo dar a vida pelo FC Porto”
👉 https://t.co/B3VUM9zXaU#FCPorto pic.twitter.com/86t74iCqM0
— FC Porto (@FCPorto) April 28, 2024
André Villas-Boas: “Hoje, o FC Porto está livre de novo” https://t.co/SKvb0jMJCC pic.twitter.com/iybzJ70DEI
— O Jogo (@ojogo) April 28, 2024