Полувреме: Брера – Вардар 1:0, дебакл на Брегалница, Струга ТЛ, Шкендија и Шкупи со водство, водат и “лавовите“!

289

Завршија првите полувремиња од шесте средби во 29.коло во ПМФЛ. Во Турново, домашната Брера има водство против Вардар со голот на Матеј Цветаноски. Вардар имаше два зицери, но Алчевски беше одличен на голот.

Шкендија уште во 40 секунда го “отвори“ Гостивар за 1:0 преку Шаља, истиот играч во 9.минута стрелаше за 2:0.

Со головите на Ибраими и Радески лидерот има водство од 2:1 против Силекс, Игњатов беше стрелец за кратовци.

Дебакл на Брегалница во Охрид, Јашароски двапати и Георгиев стрелаа за 3:0 за Воска.

Воша со гол му носи водство на Шкупи против Тиквеш.

Прекрасен гол на Ларсон на Арената за водство на Македонија ЃП од 0:1 против Работнички.

ПретходноТифозите на Јувентус со порака: Остани Макс, сакаме ти да го водиш тимот на СКП
СледноАрсенал имаше 0:3 па на крај стравуваше, сепак победа си е победа!