Тифозите на Јувентус со порака: Остани Макс, сакаме ти да го водиш тимот на СКП

859

По пораките испратени на стадионот за време на мечот меѓу Милан и Јувентус, навивачите на „Старата дама“ испратија порака до тренерот Макс Алегри со огромен банер. Тие побараа од Алегри да го продолжи договорот.
„Старата дама“ е на третото место на табелата во Серија А, а ќе играат финале во Купот на Италија на 15 мај. Едно време Јуве беше кандидат за титулата но влезе во една серија на лоши резултати и испадна од трката.
Дел од навивачите не го сакаат Алегри на клупата и неговиот стил на игра и бараат промена за следната сезона. Сепак, дел го сакаат Алегри и му даваат поддршка.
Мистер Алегри, мора да останеш, сакаме ти да го предводиш тимот на Светското клупско првенство идната сезона“.
Јувентус се квалификуваше на ФИФА Светското клупско првенство 2025 година кое ќе се одржи во САД. Инаку договорот на Алегри истекува на 30 јуни идната година, а СКП ќе се игра од 15 јуни до 13 јули.

ПретходноСтаврев се повреди, Идризи како главен судија ќе продолжи да го води мечот Брера – Вардар!
СледноПолувреме: Брера – Вардар 1:0, дебакл на Брегалница, Струга ТЛ, Шкендија и Шкупи со водство, водат и “лавовите“!