Интер во славеничкиот меч како нов шампион на Италија, со 2:0 го победи Торино пред своите фанови кои ги преполнија трибините на „Џузепе Меаца“ во Милано.
Спектакуларна атмосфера со која се славеше 20-тата титула.
Убав меч за сите фанови на “неро-аѕурите“.
Чалханоглу со головите во 56. и 60.минута, вториот од пенал, го реши гостинскиот тим и на најубав начин стави зачин на феноменалната прослава.
Инаку овој натпревар влезе во историјата на Серија А. Имено за првпат имаше женска судиска тројка на чело со Марија Капуто, а нејзе и помагаа Франческа Ди Монте и Тицијана Трашати.
Super volley by Hakan Çalhanoğlu
Inter gets lead 1-0pic.twitter.com/UvtEvzgsND
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 28, 2024
Hakan Çalhanoğlu brace! Good penalty kick!
Inter 2-0 Torinopic.twitter.com/AyUoCUUPs0
— FootColic ⚽️ (@FootColic) April 28, 2024