Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан, по се изгледа кариерата ќе ја продолжи во шпанската Ла Лига.
Повеќе извори денеска објавија дека до агентот на Варан се пристигнати дури четири понуди и сите се од шпански тимови.
За Французинот се заинтересирани Атлетико Мадрид, Севиља, Реал Сосиедад и Бетис. На 31-годишниот фудбалер му истекува договорот со „црвените ѓаволи“ на крајот од сезоната и засега нема договор за продолжување на соработката. Тоа значи дека Варан како слободен играч ќе го напушти „Олд Трафорд“.