„Никола Јокиќ ќе го направи Гобер мелено месо!“

3541

Поранешниот НФЛ играч, Шенон Шарп даде интересна изјава во пресрет на втората рунда од плеј-офот и дуелот меѓу Денвер и Минесота.

„Тројцата најдобри играчи на Нагетс се подобри од тројцата најдобри играчи на Тимбервулвс. Мислам дека серијата ќе биде долга. Шест или седум натпревари. Се обложувам на Нагетс. Карл-Ентони Таунс е во животна кариера, а Никола Јокиќ е вистински проблем. Тој ќе направи го направи Руди Гобер мелено месо. Не би бил изненаден ако дојде до 30 поени + 30 скока + 10 асистенции за првпат во историјата на плејофот во НБА“, рече Шарп, кој сега работи и како тв-водител на ESPN.

ПретходноШампионот добро се испоти за прва полуфинална победа над ТФТ
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Од првата шанса Реал дојде до водство во Минхен (ВИДЕО)