Шампионот добро се испоти за прва полуфинална победа над ТФТ

88

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј-офот против ТФТ, откако во мошне возбудлив, изедначен и неизвесен меч, беа за нијанса подобар ривал од „предизвикувачот“ во оваа серија.

„Штрковите“ славеа со 79:77, но ТФТ покажа дека може да биде исклучително незгоден ривал.  Во воведната четвртина, „сино-белите“ успеаја да направат предност од четири поени (22:18), а ритамот на игра гоз адржаа до крајот на полувремето во кое отудоа со предност од 41:35.

Вториот дел иако МЗТ Скопје А. го отврори со предност, упорните гости со неколку одлични поени во серија дојдоа и до егал – 55:55. Неизвесноста продолжи и во последниот период каде во завршните три минути се влезе со резултат 70:70. Кога беше најпотребно, Војдан Стојановски погоди тројка, за последната минута од првото полуфинале да стартува со 77:74, а до крајот ТФТ успеа да намали, но не и да се избори за продолженија.

Браќата Војдан и Дамјан Стојановски заедно постигнаа 31 поен, а одлични беа и Танасковиќ и Делалиќ со по 15. Кај ТФТ, Ташовски со 24 поени беше прв поентер.

ПретходноДокузовски без пораз го однесе МКК Куманово во кошаркарската елита
Следно„Никола Јокиќ ќе го направи Гобер мелено месо!“