Почна ли распадот на Ред Бул? Верстапен се сели во Мерцедес за 150 милиони евра годишно?!

708

Дали Ред Бул, доминантниот владател во Формула 1 во последните неколку сезони, почнува да се распаѓа. Иако никој ништо не им може на патеката, сепак внатре во самиот тим како некои работи да не се како што треба.

Познато е дека пред два месеци голем дел од тие што се во Ред Бул, па и околу него побараа Кристијан Хорнер да си замине по аферата со една од вработените во тимот.

Потоа пред неколу дека јавно беше кажано дека гуруто за дизајнот на болидите на Ред Бул, Адријан Њуи исто така си заминува.

И како врв на се ова, почнаа шпекулациите дека Макс Верстапен би можел да се пресели во Мерцедес за 150 милиони евра годишно, сума која е речиси двојно повеќе од тоа што сега зема светскиот првак во Ред Бул.

ПретходноАморим на клупата на Челзи?!
СледноЃорческа тргна победнички на ВТА турнирот во Леида