Анчелоти: Баерн го играше својот најдобар фудбал, а ние не

1361
ФОТО: FC Real Madrid/Twitter

Првиот чин од полуфиналето меѓу Баерн и Реал во Минхен заврши 2:2, па јасно е дека патникот во финалето ќе се решава во Мадрид. Реал водеше со голот на Винисиус, потоа Баерн го сврте резултатот преку Сане и Хари Кејн, а реми донесе Винисиус со уште еден гол.
Мислам дека Баерн го одигра својот најдобар фудбал, а ние не. Ни беше тешко кога губевме, но покажавме енергија, сила и карактер за да го изедначиме резултатот. Ќе мораме да покажеме подобра игра идната недела. Во добра позиција сме во Ла Лига и во ЛШ, а ќе пробаме да го избориме своето место во финалето на „Вембли““, изјави Анчелоти.

ПретходноНадал елиминиран во Мадрид, па порача: Ова е мој последен меч во Мадрид
СледноТухел: Не знам зошто, но престанавме да се држиме до планот