Надал елиминиран во Мадрид, па порача: Ова е мој последен меч во Мадрид

541

Ветеранот Рафаел Надал се врати на терените, одигра добро на АТП турнирот во Мадрид, но, сепак, настапот го заврши во осминафиналето. Елиминиран е од чешкиот тенисер, Јиржи Лехечка со 2:0 (по сетови 7:5 и 6:4). Тоа воедно беше простување од мадридската публика бидејќи изјави дека тоа му е последен пат да игра во татковината.
Организаторите на турнирот му приредија на Рафа проштална церемонија, шпалир, а сите плачеа за време на неговиот говор.
Моето тело и мојот живот подолго време ми праќаат сигнали… Мојот сон е да завршам овде, на овој терен. Имав среќа во животот својата страст да ја претворам во работа“, изјави Рафа кој додаде дека ќе проба да игра во Рим, но секако, основна цел му е да настапи на Ролан Гарос, па на Олимписките игри на истиот терен во Париз.

Сонот ми е да играм на сите турнири на кои имав успеси. За жал, го пропуштив Монте Карло, но во Рим ја освоил титулата десет пати. Сакам таму да играм. Продолжувам да играм, имам неколку лични цели за следните неколку недели и сакам да видам дали можам да ги остварам“, објасни Надал кој дефинитивно ќе се повлече од тенисот на крајот на оваа сезона.

ПретходноСевентисиксерс славеа против Њујорк, Мекси броеше до 46 поени
СледноАнчелоти: Баерн го играше својот најдобар фудбал, а ние не