Севентисиксерс славеа против Њујорк, Мекси броеше до 46 поени

69

Делуваше дека Филаделфија ќе испадне во борбата со Њујорк Никс, но Севентисиксерс славеше во мечот со Никс по продолжението 112:106 и ги одржаа во живот шансите (намали на 3:2 во серијата) за пласман во конференциското полуфинале во НБА.
Екипата ја предводеше Мекси со 46 поени и 9 асистенции, а Џоел Ембид со 19 поени и 10 асистенции. Кај Њујорк, ефикасен беше Брансон со 40 поени.
На само 30 секунди до крајот Никс имаа високи +6 по кошот на Мекбрајд, меѓутоа потоа Тајрис Мекси стапи на сцената, прво погоди тројка покрај фаул на 26 секунди до крајот. На другата страна Харт погоди само едно слободно фрлање, а Мекси повторно беше прецизен од далечина и на девет секунди донесе изедначување (97:97).
Во продолженијата Севентисиксерси ги преземаа работите во свои раце, а Никси делуваа неорганизирано во нападите. Наредниот меч се игра во Филаделфија.

ЊУЈОРК – ФИЛАДЕЛФИЈА 106:112
КЛИВЛЕНД – ОРЛАНДО 104:103
МИЛВОКИ – ИНДИЈАНА 115:92

ПретходноПо ремито вечерва: Реал ја продолжи низата – 19 меча без пораз!
СледноНадал елиминиран во Мадрид, па порача: Ова е мој последен меч во Мадрид