Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше по ремито 2:2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
„Почнавме многу добро и можевме да поведеме уште во првата минута. Потоа престанавме да се држиме до нашиот план, не знам ни зошто“, започна Тухел.
„Примивме гол и работите станаа тешки. Се подобрија во вториот дел и водевме со 2:1. Имавме многу шанси. Беше чудно чувство. Ситуацијата е јасна. Победа во Мадрид ќе не испрати на Вембли. За мене сепак 50/50. Да видиме што ќе се случи“, “, додаде тренерот на Баерн.
Тухел и Анчелоти се соочија и пред две години, тогаш во четвртфиналето помеѓу Челзи и Реал. Германскиот стручњак тогаш славеше во луд меч во Мадрид, а на крајот тоа не беше доволно „сините“ да се пласираат во полуфиналето.
„Не е важно дали сум тренер кој знае како да се победува на стадионот ‘Сантијаго Бернабе’, туку треба сите да веруваме дека можеме. Тоа е едно од најтешките места за победа, меѓутоа убавината на фудбалот е токму во таквите предизвици“, заклучи Германецот.