Шок од Унгарија – Штербик имал срцев удар

1344

Веспрем се спрема за реваншот од четвртфиналето во ракометната ЛШ, а на својата интернет страница објави дека тренерот на голманите, легендарниот Арпад Штербик во вторникот наутро имал срцев удар и брзо бил префрлен во болница каде што бил опериран и е на интензивна нега.

„Нашиот тренер на голманите Арпад Штербик не патуваше со тимот за мечот од ЛШ со Алборг. Арпи се чувствуваше лошо утрото, отиде во болница каде што му  беше дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата лекарска интервенција, Штербик денеска се чувствува подобро и веќе утре би требало да го напушти одделението за интензивна нега. Му посакуваме на Арпи брзо опоравување и со нетрпение го очекуваме неговото враќање“, објави Веспрем.

ПретходноДортмунд – ПСЖ, прв чин од пресметка за финале во ЛШ
СледноТежок удар за Србија – остана без важен играч пред ОИ