Ди Марија нема да се враќа во Аргентина, причина се морбидните закани!

221

Светскиот првак со Аргентина и еден од најдобрите фудбалери во светот во изминатата деценија, Анхел ди Марија нема намера да се врати во својата земја и таму да ја завши својата блескава кариера. Имено неговите желби беа да се врати во Росарио Централ, во неговиот матичен клуб, по завршувањето на договорот со Бенфика.

Но во меѓувреме тој и неговото семејство, како и неговите родители добиваа морбидни закани, па така некогашниот играч на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и сегашен на Бенфика, одлучи ако веќе продолжи да игра фудбал, тоа да го прави во МЛС во САД или во Саудиска Арабија.

ПретходноШокантно: Руски бизнисмен го обвини Алкараз за местење мечеви во Мадрид!
СледноГРК Охрид се пофали со Кукуловски! (ФОТО)