Фудбалерите на Џирона ја совладаа Барселона со 4:2 (1:2) во 34. коло од Ла Лига и практично го решијапрашањето за новиот шампион на Шпанија за оваа сезона. Барселона имаше шанса да го откаже славјето на Реал Мадрид, затоа што водеа на паузата со 2:1, но годинава одличната џирона покажа зошто е толку високо на табелата и на крајот со голем прсврт славеше во каталонското дерби.
Во првото полувреме, Кристенсен и левандовски погодија за Барселона, додека голот за домашните го постигна Довбик. Во вториот дел од мечот пресвртот го донесе неверојатниот Порту, кој постигна два гола, а имаше и една асистенција за погодокот на Гутиерез.