Претседателот на шампионот со подарок дрес за “бомбардерот“ по 200. гол во ПМФЛ! (ФОТО)

378

Во манир на голем клуб кој покажува дека знае да ги цени вредностите, рекордите, а посебно ако тоа е дело на нивен фудбалер, денеска пред денешниот меч со Гостивар мала свеченост на градскиот стадион во Струга. Претседателот на Струга ТЛ, Арбтрим Ќира му подари дрес со бр.200 на Бесарт Ибраими, по повод неговиот 200.гол во кариерата во ПМФЛ.

Рекордниот 200-ти гол, инаку фактички тој има 201 гол, Бесарт го постигна минатото коло во Кавадарци, за да потоа стрелаше уште еднаш.

No description available.

Најважно за Ќира и Ибраими, а и за сите во таборот на Струга ТЛ е тоа што денеска беше совладан Гостивар и што прашањето за титулата во овој шампионат самите стружани ќе го решаваат.

Прво играат на гости кај Шкендија за да потоа играат дома со Шкупи. Триумф во Тетово веројатно ќе значи и втора титула во низа за клубот кој е предводен од семејството Ќира.

ПретходноПорту ја „растргна“ Барселона и му донесе шампионски наслов на Реал (ВИДЕО)
СледноХаланд „експлодира“ со четири гола, Сити и натаму сам решава за титулата