Халанд „експлодира“ со четири гола, Сити и натаму сам решава за титулата

170

Фудбалерите на Манчестер Сити со четири гола на Ерлинг Халанд и еден на Хулиан Алварез го „демолираа“ Вулверхемптон со 5:1, во 36. коло од англиската Премиер лига.

Ерлинг Халанд беше одличен, постигна четири гола од кои два од пенал. На овој начин „граѓаните“ ја задржаа „пол-позицијата“ во борбата за титулата со Арсенал. На две кола пред крајот тимот од Лондон има бод повеќе, но Сити има меч помалку и доколку ги победи Фулам и Тотенхем на гости, а Вест Хем дома, ќе ја одбрани титулата шампион на Англија без разлика на резултатите на Арсенал.

ПретходноПретседателот на шампионот со подарок дрес за “бомбардерот“ по 200. гол во ПМФЛ! (ФОТО)
СледноРеал се израмни со Јувентус на врвот на вечната листа по бројот на титули!