Ракометарите на Прилеп извојуваа важна победа во битката за опстанок во Суперлигата. Денеска во меч од 12. коло, прилепчани на домашен терен беа подобри од директниот конкурент Куманово со 27:24.
Во последните две кола Прилеп за ривали ќе ги има Вардар Неготино и Еурофарм Пелистер 2, додека Куманово во 13. коло е слободен, а во последното коло ќе се сретне со тимот на Мулти Есенс.