Миовски стрела за победа за Абердин

1060

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски повторно е стрелец на гол за Абердин. Во 35. коло на „Питодри“ македонскиот напаѓач постигна гол за победа. Прво во 36 минута имаше убава шанса, но неговиот удар со глава со одбрани гостинскиот голман.
Во 68 минута судијата свирна пенал за Абердин, а Миовски од 11 метри ја погоди мрежата на Ст.Џонстон и тој гол се покажа како победнички.
Абердин е второпласиран во плејаут табелата со 41 бод. Миовски има 16 голови во шкотската Премиер лига, а само Таверние од Ренџерс со 17 и Шанкланд од Хартс со 21 гол имаат повеќе.

ПретходноПолувреме: Цаке го замолкна Чаир, Радески за водство на Струга ТЛ и голема глупост на Укпа, 0:0 на Маџари (ВИДЕО)
СледноЊукасл ги уништи надежите на Барнли, Нотингем Ф. со голем чекор кон опстанок