Интер Мајами губеше со 1-0, а потоа следеше шоу на Меси и Суарез (ВИДЕО)

377

Фудбалерите на Интер Мајами синоќа на свој терен ги декласираа Њујорк Ред Булс со 6:2, а Лионел Меси и Луис Суарез уште еднаш и приредија магична ноќ на фудбалската јавност, која потсети на нивните славни денови во Барселона.

Интер Мајами по првото полувреме губеше 0-1, а по одморот следеше кам-бекот.

Во 48 минута Ројас на асистенција на Меси израмни на 1-1. Две минути подоцна Аргентинецот погоди за 2-1, додека повторно Ројас на асистенција на Меси зголеми на 3-1. Неверојатниот Аргентинец продолжи да асистира, а овој пат сите три негови додавања ги претвори во гол Суарез, погоди во 69’, 75’ и 81’ минута. Во судиското надополнување, гостите ги поставија конечните 6-2.

36-годишниот аргентински фудбалер собори два рекорди во МЛС лигата. Тој е прв по бројот на асистенции на еден натпревар, вториот е по бројот на асистенции+голови од еден играч.

ПретходноВерстапен со пол-позиција во Мајами
СледноЈокиќ: Би било добро да можам да се клонирам!