Јокиќ: Би било добро да можам да се клонирам!

452

Многу се очекуваше од Никола Јокиќ и соиграчи на првиот полуфинален натпревар во Западната конференција, но немаа решение за феноменалниот Едвардс кој беше незапирлив. Минесота дојде до победа на гостински терен кај Денвер од 106-99 и поведе во серијата.

Никој во домашниот тим не му помогна на Јокиќ, кој практично правеше чуда, а токму клупата го врати во живот тимот на Денвер.

Најдобар играч на натпреварот беше Едвардс, кој постигна 43 поени, имаше седум скока и три асистенции. Кај Денвер најдобар играч беше споменатиот Никола Јокиќ кој постигна 32 поени, но ниту тоа не беше доволно неговиот тим да победи на овој натпревар.

Никола Јокиќ по натпреварот го пофали противничкиот тим.

„Тие се одличен тим, талентирани. Покажаа зошто беа први на табелата во поголемиот дел од сезоната“, изјави Јокиќ.

Потоа следеше новинарско прашање како да се справат со високите играчи на Минесота.

„Би сакал да имам идентичен клон за да можам да излезам да се одморам, а тој да игра. Потоа да се вратам свеж и сето тоа“. 

ПретходноИнтер Мајами губеше со 1-0, а потоа следеше шоу на Меси и Суарез (ВИДЕО)
СледноНа 34 години почина поранешен НБА играч!