Елези остана на клупата: Голеада во Берлин, Бохум имаше 0:3 па на крај едвај победи!

104

Во супер интересен меч, во битка за избегнување на најопасната зона за испаѓање во Бундеслигата, голеада во Берлин. Унион Берлин – Бохум 3:4 и веднаш да кажеме дека нашиот репрезентативец Агон Елези повторно не доби шанса да дебитира во Бундеслигата, тој и овојпат остана на клупата на гостите.

Интересно, Бохум поведе со 0:3 во 37.минута со головите на Витек два и еден на Шлотенберг.

Во второто полувреме домашните намалија на 2:3 со головите на Вертенсн и Бедиа, за да Хофман во 70.минута зголеми на 2:4. Но тука не беше крај на драмата, Унион Берлин преку Холербах четири минуту подоцна намали на 3:4. Следуваше целосна иницијатива на домашните, имаа и шанси, но сепак на крајот гостите се радуваа на три златни бода во битката за опстанок.

ПретходноЧелзи со петка го “поздрави“ Вест Хем, Брајтон ја совлада Астон Вила! (ВИДЕО)
СледноИталијанците тврдат: Димитријевиќ потпишува за Олимпија Милано на три години!