Италијанците тврдат: Димитријевиќ потпишува за Олимпија Милано на три години!

216

Иако беше голема желба на Партизан, сепак нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано. Ова попладнево го пишуваат медиумите во Италија, а како ексклузивно го објави познатиот италијански новинар Андреа Калцони.

Тој објави и тоа дека договорот меѓу Нено и Олимпија ќе биде на три години. Утринава се знаеше дека во игра е и Виртус Болоња, но сепак тимот од Милано успел да го “зграпчи“ фантастичниот македонски кошаркар.

ПретходноЕлези остана на клупата: Голеада во Берлин, Бохум имаше 0:3 па на крај едвај победи!
СледноМаџунков: Златната лига ќе биде генерална проба за квалификациите во август