Маџунков: Златната лига ќе биде генерална проба за квалификациите во август

77

Македонската одбојкарска репрезентација во Струмица ги продолжува подготовките за претстојниот настап во Златната лига 2024, кој ќе бид еискористен и како своевидна генерална проба пред августовските квалификации за ЕП 2025. Избраниците на новиот селектор Хари Наковски не кријат дека фокусот ова лето ќе биде ставен на квалификациите за континенталното првенство.

„Треба да ги повториме резултатите во квалификациите за ЕП. За Златната лига ќе имаме еден период за воигрување, за запознавање со некои нови играчи, но сепак, акцентот ќе го ставиме на квалификациите во август. Секако дека и во Златната лига одиме на победа, но главно треба да ја искористиме оваа шанса да се вклопиме како екипа со новите играчи и со новиот селектор“, смета средниот блокер на нашата селекција. Филип Маџунков.

Репрезентативците до 8 мај ќе тренираат во Струмица, по што заминуваат за Романија каде ќе одиграат две контролни средби со тамошната селекција.

ПретходноИталијанците тврдат: Димитријевиќ потпишува за Олимпија Милано на три години!
СледноЈирген Клоп: Стар сум, а за Ливерпул потребни се 24 часа на ден!