Лука Станковски со асистенција за нова победа на Тузласпор (ВИДЕО)

256

Нашиот млад репрезентативец Лука Станковски со асистенција ја потврди победата на неговиот тим Тузласпор во денешниот дуел од 33. коло на турската Втора лига. Тузласпор извојува победа од 2:0 на гостувањето кај Сакаријаспор и со тоа ги засили шансите за опстанок во второлигашката конкуренција.

Асистенцијата на Лука Станковски дојде во 96. минута кога гостите со вториот погодок го потврдија триумфот на ова гостување.

ПретходноОсвојувачот на Австралија Опен не знае дали ќе може да игра на Ролан Гарос
СледноРакометарите се комплетни: Митревски и Талевски се во строј (ФОТО)