Ако не загубат од Рома: Алонсо и Леверкузен ќе бидат апсолутни европски рекордери со 49 меча во серија без пораз! (ФОТО)

223

Реваншот од полуфиналето во Лигата на Европа кој ќе се одигра во четврток на “Бај Арена“ во Леверкузен се очекува со посебно внимание. И не само поради фактот дали тимот на Чаби Алонсо ќе успее да ја мине оваа пречка и ќе се избори за пласман во финалето туку и поради тоа дали новиот шампион на Германија ќе биде апсолутен европски рекордер со 49 меча во серија без пораз.

No description available.

Засега Леверкузен има 48 натпревари во низа на кои е без пораз, исто толку има и Бенфика од 1963 до 1965 година.

Значи на Баер Леверкузен му е потребен само уште еден меч, само уште да не загуби од Рома во четврток. Да потсетиме дека во Рим на првиот меч тимот на Чаби Алонсо славеше со 0:2.

ПретходноЛопетеги се договори со Вест Хем! Баерн преговара со Тен Хаг?!
СледноБаркли: “Јокиќ е најдобриот странец во историјата на НБА!“