Факт е дека Никола Јокиќ во моментов е најдобриот кошаркар во светот, најдобриот во НБА, но кога еден Чарлс Баркли каже дека Србинот е најдобриот странец во историјата на НБА, тогаш тоа е нешто големо.
Па така на прашањето до легендата, дали Дирк Новицки е најдобриот странец во историјата на НБА, еве го одговорот на Баркли:
“Дирк Новицки? Да, тој беше најдобар странец во НБА во историјата се додека не дојде Никола Јокиќ. Сега тоа е Јокиќ и јас мислам дека и оваа сезона Денвер со Јокиќ ќе ја освојат титулата во НБА“ кусо одговори Баркли.