Селекцијата на Македонија до 16 години е поразена од соодветната селекција на Словачка со 1:2 во првиот од двата пријателски натпревари во Скопје.
Нашиот национален тим губеше со 0:2, но во финишот можеше да стигне до реми, сепак, промашениот пенал во 89 минута означи пораз.
Инаку првата шанса за македонскиот тим ја имаше Бленди Ганиу, кој шутираше во мешаницата, но голманот на Словачка речиси од гол линијата одбрани.
Словаците дојдоа во предност во 58 минута, кога Адам Рајноха избегна офсајд и очи во очи со нашиот голман ја погоди мрежата. Три минути подоцна речиси иста акција по која Давид Полтак зголеми на 0:2.
Во 77 минута Македонија намали, а стрелец на голот Кристијан Марковски. Во 86 минута Жаку проигран на страна место да се обиде да шутира, тој се реши да асистира и акцијата беше запрена од еден словачки дефанзивец.
Во 89 минута пенал за Македонија. Но словачкиот голман го одбрани.
Остана 1:2. Следниот меч со Словаците ќе го играме на 11 мај.