Младата фудбалска репрезентација на Македонија одигра нерешено 2:2 во интересен пријателски меч со селекцијата на Словенија
Избраниците на Неџат Шабани успеаја да направат пресврт во вториот дел, но не успеаја да слават. Словенците први поведоа со голот на Лељак Нејц во 54. минута, но нашите млади надежи брзо израмнија преку Крстевски само една минута подоцна.
Македонија успеа да направи целосен пресврт во 69. минута, кога по одличен центаршут на Стојчевски, Ристиќ погоди за водство од 1:2.
Словенците успеаја да се спасат од пораз со погодокот во 77. минута кој беше дело на Ѓуздановиќ.