Митревски верува во пласман на СП: Треба да бидеме максимално фокусирани!

289

Македонската машка ракометна репрезентација веќе е во Торшавн, каде уште (20 часот) ќе ги одмери силите со Фарски Острови во рамките на бараж мечот за пласман на Светското првенство следната година.

Станува збор за противник кој е фаворит на првата средба, барем според букмејкерите. Фарски Острови беше сензација на минатогодишното ЕП, одигра нерешено против Норвешка, па оттука и покрај тоа што традицијата за ваквите пресметки е на наша страна, сепак домашниот терен им дава предност.

Според најискусниот во нашиот состав, Никола Митревски, важно е да бидат максимално фокусирани на двете средби.

„Против Фарски Острови е важно е да одиграме два добри натпревари и да бидеме маскимално фокусирани во текот на целиот меч“, кратко порача капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски.

На прашањето дали ја гледа Македонија на СП 2025 година, искусниот голман беше категоричен:

„Секако дека ја гледам Македонија на Светското првенство“. 

Предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров поведе 21. ракометар за оваа средба, утре ќе одлучи со кој состав ќе настапи.

ПретходноПетков пред вториот дуел со ТФТ: Свесни сме дека сме фаворити, ќе сториме се за да ја оправдаме улогата
СледноОФИЦИЈАЛНО: Тијаго Силва се врати во Флуминенсе