Поранешен европски шампион е пред банкрот

174

Некогашниот европски шампион Хамбург се соочува со големи финансиски проблеми и му се заканува преселба во најнизок ранг во Германија, а со тоа и комплетно гаснење.
Хамбург не доби зелено светло од ракометната федерација за настап во следната сезона во Бундес лигата, иако сезонава се наоѓа на средината на табелата. Клубот не го исполни првичниот рок за исплата на долговите, потоа доби дополнителен рок за да ги достави документите што беа потребни и гаранциите за финансиската состојба, но, сепак, недоволно за да добие лиценца.
Според „Билд“, шампионот на Европа од 2013 година, е „покус“ за четири милиони евра и би можел да се најде во четвртата лига во Германија, но се заканува и комплетен распад на клубот.
На Хамбург втор пат во историјата му се заканува банкрот затоа што во 2016 година му се случи истото, а потоа во 2021 година се врати во елитата.

ПретходноЈа смени професијата: Погба ќе игра во филм млад фудбалер!
СледноВечерва ќе го добиеме првиот финалист во ЛШ – Борусија во Париз брани минимална предност