Вечерва во 21 часот на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид ќе започне реваншот од полуфиналето во Лигата на Шамионите. Реал Мадрид го дочекува Баерн Минхен, јасно е дека ова ќе биде мега – спектакл, јасно е дека ова ќе биде битка на титаните, ова ќе биде уште едно Европско Класико. На првиот меч во Минхен минатата недела беше 2:2, резултат кој уште повеќе му дава значење за тоа што може да се очекува.
А се очекува нова епска пресметка, секогаш кога играат Реал и Баерн е супер интересно.
Логиката кажува дека Реал е поблиску до финалето кое ќе се одржи на “Вембли“ во Лондон на 1 јуни. За ова има “милион причини, но зарем некој може да го потцени Баерн, германскиот гигант кој и покрај тоа што ужасна сезона во домашни рамки, знае што треба да прави.
А желбата на Баерн е да се повтори 2013 година кога на “Вембли“ во финалето славеше против Дортмунд. “Милионерите“ се веќе во финалето и го чекаат Баерн или Реал, ним им е сеедно.
Тимот на Карло Анчелоти е во подобра форма, охрабрен со нова титула во Ла Лига, поддржан од фановите на “Бернабеу“, клуб кој што има победнички менталитет, клуб кој знае што треба да прави во вакви моменти.
Ако некој има нај, нај мотиви да се победи вечер и да се оди на “Вембли“ тоа секако дека е Томас Тухел, стратегот на “баварците“, тренерот кој просто беше понижен од страна на челниците на Баерн и тоа во два наврати.
Можеме само да ја замислиме насмевката на Тухел ако вечерва околу 23 часот или нешто подоцна ги дигне рацете во знак на триумф и пласман во големото финале.
Не треба веќе да се трошат зборови, Реал против Баерн, спектаклот е загарантиран.