Пред 12 години барал линкови за да го гледа Реал, а сега го однесе во финале на ЛШ

488

Реванш мечот со Баерн Минхен засекогаш ќе го памети фудбалерот на Реал Мадрид, Хоселу кој стана херој за „кралскиот клуб“. Реал губеше но потоа во период од три минути го сврте резултатот и се пласира во финалето. 34-годишниот Хоселу влезе во игра во 81 минута, а тој со два гола го однесе шпанскиот шампион во финалето на ЛШ.
Хоселу е дете на Реал Мадрид, но до 2012 година играше за Б тимот и како позајмен во Селта. Потоа помина во Хофенхајм, Ајнтрахт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл, Алавес, Еспањол, а од 2023 година е во Реал Мадрид како позајмен.

Пред 12 години, Хоселу преку „Твитер“ барал помош за линкови за да гледа натпревари на Реал Мадрид. Тоа се случило кога го напуштил Мадрид за да игра за Хофенхајм. Хоселу во Германија не сакал да пропушти меч на клубот што го сакал и побарал интернет линк за да го гледа мечот на Реал против Барселона од шпанскиот Суперкуп.

 

Херојот на Реал Мадрид порача: Тешко е да се опише ова чувство

ПретходноШарлот има нов тренер
СледноТајсон јаде „живо месо“ како дел од подготовката за борбата со Пол