Мајк Тајсон јаде „живо месо“ подготвувајќи се за претстојниот боксерски дуел со Џејк Пол.
Пол и Тајсон ќе ги вкрстат ракавиците во многу контроверзна професионална пресметка на стадионот AT&T во Арлингтон, Тексас на 20 јули.
57-годишниот „Железен Мајк“, кој не бил во ринг откако загуби од Кевин Мекбрајд во 2005 година, ќе го боксува со Пол во тешка категорија во меч со осум рунди од по две минути.
Според извори блиски до него, Мајк деновиве е на специјална исхрана која вклучува и јадење сирово месо. Интересно е што тој до неодамна беше веган.