Реванш мечот со Баерн Минхен засекогаш ќе го памети фудбалерот на Реал Мадрид, Хоселу кој стана херој за „кралскиот клуб“. Реал губеше но потоа во период од три минути го сврте резултатот и се пласира во финалето. 34-годишниот Хоселу влезе во игра во 81 минута, а тој со два гола го однесе шпанскиот шампион во финалето на ЛШ.
Хоселу е дете на Реал Мадрид, но до 2012 година играше за Б тимот и како позајмен во Селта. Потоа помина во Хофенхајм, Ајнтрахт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл, Алавес, Еспањол, а од 2023 година е во Реал Мадрид како позајмен.
Пред 12 години, Хоселу преку „Твитер“ барал помош за линкови за да гледа натпревари на Реал Мадрид. Тоа се случило кога го напуштил Мадрид за да игра за Хофенхајм. Хоселу во Германија не сакал да пропушти меч на клубот што го сакал и побарал интернет линк за да го гледа мечот на Реал против Барселона од шпанскиот Суперкуп.
12 anni fa Joselu chiedeva su Twitter un link per vedere il Real Madrid in Supercoppa di Spagna contro il Barcellona https://t.co/J1k2wORo8S
— Dario Ronzulli (@DaRonz82) May 8, 2024
Херојот на Реал Мадрид порача: Тешко е да се опише ова чувство