Тренерот на Интер, Симоне Инзаги од менаџментот на клубот добил понуда за продолжување на договорот. Според „Газета дело Спорт“ понудата е двегодишен договор со можност да биде продолжен на уште една година.
Истовремено, италијанскиот шампион ќе му ја подобри платата на Инзаги за 30%, па од 4,5 милиони евра ќе добива по 6 милиони евра по сезона. Во договорот ќе бидат вметнати и бонуси во зависност од успесите на клубот во Серија А, купот и Европа.
Актуелниот договор на Инзаги со Интер истекува летото 2025 година, а тој седна на клупата на „нероаѕурите“ летото во 2021 година.