Доминик Тим најави повлекување од тенисот

39

Aвстрискиот тенисер Доминик Тим објави дека ќе се пензионира на крајот на октомври по завршувањето на турнирот во Виена.

Победникот на УС Опен од 2020 година е надвор од светскиот тениски врв веќе три ипол години. Неговиот пад започна по освојувањето на првиот и единствен грен-слем во кариерата.

Честите повреди, проблемите со мотивацијата го извадија од колосек, па не успеа да ја врати препознатливата форма. Моментално е на 117 место на АТП листата. Најдобриот пласман во имаше во 2020 година кога беше трет светски тенисер.

Севкупно во кариерата има 17 трофеја. Од четири финалиња на Гренд слем турнирите го освои само УС Опен 2020. Во 2019 година триумфираше на Индијан велс.

ПретходноФеникс Санс го отпушти тренерот Вогел
СледноЕден од најдобрите напаѓачи на Германија го пропушта ЕП 2024?